ПРИНЦИПИ НА РАБОТА

 

СТРАТЕГИЈА                ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ                 ЕФИКАСНОСТ

 

Кога одлучивме да ја започнеме нашата пракса, се договоривме да изградиме модерна Адвокатска фирма која ќе обезбеди  бизнис-ориентирани правни совети и професионални услуги на најефикасен начин,  со примарен фокус на  клиентите и нивните потреби.

Наша цел е да е изградиме силен и прогресивен однос адвокат-клиент базиран на меѓусебна почит и доверба, со максимална посветеност  на  трите клучни вредности: стратегија, професионализам и ефикасност. 

Нашата мисија е да обезбедиме компетентни и ефикасни решенија и професионални услуги, на економичен начин Нашето образование и искуство во областа на корпоративното право, надополнета со нашиот ентузијазам, стручност и доследност во секој аспект од работата, ви гарантира дека ќе добиете одлична, навремена и економски оправдана услуга , која ќе ги надмине вашите очекувања.

Сосема ни е јасно дека на денешниот пазар да се биде добар едноставно не е доволно добро.Поради тоа ние ви нудиме многу повеќе отколку само правни услуги, бидејќи сме повеќе отколку само адвокатска канцеларија, нашиот пристап не е само да ве "советуваме и застапуваме", туку и да ја разбереме вашата бизнис СТРАТЕГИЈА и вашата индустрија. Со исполнувањето на оваа наша обврска, ние ви даваме правни совети во согласност со средината во која вие работите, имајќи го во предвид ефектот кој правните совети  ќе го имаат  на вашите деловни операции. 

Нашата уникатна комбинација на знаење и способности ни овозможува да се справиме со проекти и случаи со различно ниво на комплексност, тежина и големина, и со тоа да обезбедиме широк спектар на правни услуги со цел да ги задоволиме потребите на  сите наши клиенти. Користењето на проектен менаџмент во нашата работа  ни овозможува да ги разгледаме секој аспект од одреден случај и да обезбедиме навремени правни услуги кои ќе бидат во рамките на планираниот буџет, како и да задржиме целосна контрола над случајот.  

ПАРТНЕРИ

Емилија Апостолска

Партнер
Член на Адвокатската Комора на Р.Македонија
Застапник за индустриска сопственост

Области на специјалност:
деловно (бизнис)право, странски инвестиции, заштита на конкуренција, спојувања и превземања (m&a),интелектуална сопственост, телекомуникации, банкарско право, стечај и ликвидација, енергија и инфраструктура.

Образование:
Универзитет Св. Кирил и Методиј,Правен факултет, Дипломиран правник, Скопје/Македонија-2004

Искуство:
Адвокатско Друштво Апостолска&Александровски, Партнер, Скопје/Македонија 2009

Global Communications Networks, Скопје, Заменик Извршен директор и раководител на правен сектор, Скопје, Македонија 2007-2009

Кејблтел ДОО, Скопје, Правник и правен консултат на Извршниот директор, Скопје, Македонија 2006-2007

Публикации:
Американска Стопанска комора во Македонија, Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите своите права во Македонија? – 2009

Јазици:
Македонски, Англиски, Српски, Германски,Албански

Контакт:
T: +389 2 24 66 001
F: +389 2 24 66 001
E:  apostolska@businesslaw.mk

 

Игор Александровски

Партнер
Член на Адвокатската Комора на Р.Македонија

Области на специјалност:
деловно(бизнис)право, странски инвестиции, имиграционо право, спојувања и превземања (m&a), ИТ, е-трговија, облигационо право, право на друштва, арбитража и алтернативни начини на решавање спорови, радиодифузија, спортско право, трудово право, даночно право.

Образование:
Централно европски Универзитет, Правни студии, Будимпешта/Унгарија,  LL.M- Магистер по меѓународно деловно право-2006

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет, Дипломиран Правник, Скопје/Македонија-2004

Искуство:
Адвокатско Друштво Апостолска&Александровски, Партнер, Скопје/Македонија 2009

Сеавус Групација – Сеавус ДООЕЛ, Правен советник, Скопје/Македонија, 2007-2009

Адвокатска канцеларија Станковски-Марковиќ, Адвокат, Скопје/Македонија, 2004-2007

Публикации:
Американска Стопанска комора во Македонија, Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите своите права во Македонија? – 2009

Piercing the corporate veil и одговорност за долговите на друштвото во Македонија, во “Трговско право и приватно право на пазарите во Централна и Источна Европа“, во Тајти и Месман (уредници), објавено од European University Press, Бохум-Германија, 2008

Спортските агенти во Македонија, во Спортски агенти низ светот-правни аспекти, објавено од ASSER, Меѓународен центар за спортско право, април 2008

ТВ правата во Македонија во TV Rights in Europe, објавено од ASSER, Меѓународен центар за спортско право, 2009

Јазици:
Македонски,Англиски, Српски, Бугарски

Контакт:
T: +389 2 24 66 001
F: +389 2 24 66 002
E:  aleksandrovski@businesslaw.mk

 

АДВОКАТИ И СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

Катерина Бошковиќ

Адвокат
Член на адвокатската комора на Р. Македонија

Области на специјалност:
недвижности, градежништво, концесии,застапување во кривични, граѓански и управни постапки, енергија и инфраструктура.

Образование:
Универзитет Св. Кирил и Методиј,Правен факултет, Дипломиран Правник, Скопје/Македонија-2002

Искуство:

Апостолска&Александровски– адвокатска канцеларија, Адвокат, Скопје/Македонија 2012

Адвокатска канцеларија Бранко Кузманоски, Скопје, 2011 

Адвокатско друштво Чукиќ и Марков, Скопје / Македонија, 2009-2011

Адвокатска канцеларија  Катерина Бошковиќ, 2006-2009

Јазици:
Македонски,Англиски, Српски

Контакт:
T: +389 2 24 66 001
F: +389 2 24 66 001
E:  boskovic@businesslaw.mk

 

Маријана Решова

Стручен соработник
Положен правосуден испит 

Области на специјалност:
работни односи, недвижности,застапување во кривични, граѓански и управни постапки, јавни набавки, трговско право, вработување и работа на странци

Образование:
Универзитет Св. Кирил и Методиј,Правен факултет, Магистерски студии по Кривично право и Криминологија, Скопје/Македонија - моментно

Универзитет Св. Кирил и Методиј,Правен факултет, Дипломиран Правник, Скопје/Македонија-2007     

Искуство:

Адвокатско Друштво Апостолска & Александровски, Стручен сорaботник,Скопје/Македонија -2013 – моментно

Друштво за производство на хартија и Пакување Дуропацк АД Скопје, Менаџер на Правна служба и Човечки ресурси , Скопје/Македонија - 2010-2013

Адвокатска Канцеларија Самоил Филиповски, Стручен Соработник, Скопје/Македонија - 2010

Кривичен Суд, Соработник, Скопје/Македонија 2009-2010

ИКПР Рокас и Партнери, СоработникСкопје/Македонија - 2008-2009 

Јазици:

Македонски,Англиски, Српски

Контакт:
T: +389 2 24 66 001
F: +389 2 24 66 001
E:  resova@businesslaw.mk

 

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

Ивана Костовска

Приправник

Области на специјалност:

деловно (бизнис) право, хартии од вредност, стечајно право, даночно право, арбитражa,  наплата на побарувања и странски инвестиции

Образование:

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет, Магистер по правни науки, Скопје/Македонија-2013

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет, Дипломиран Правник, Скопје/Македонија-2011

Искуство:

Адвокатско Друштво Апостолска & Александровски, Приправник,Скопје/Македонија 2012 - моментно

Обуки и тренинзи:

XIX Willem C. Vis International Commercial Arbitration Moot, 2011-2012

Price Media Law Moot Court Competition, 2012-2013

Јазици:
Македонски, Англиски, Германски, Српски,

Контакт:
T: +389 2 24 66 001
F: +389 2 24 66 001
E:  kostovska@businesslaw.mk

 

Маја Мишевска

Адвокатски приправник

Области на специјалност:
телекомуникации, банкарско право, стечај и ликвидација, енергетско право, застапување во граѓански спорови, недвижности.

Образование:
Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет, LL.B, Скопје/Македонија-2010

Искуство:
Апостолска&Александровски– адвокатска канцеларија, Адвокатски приправник, Скопје/Македонија 2009-

Јазици:
Македонски, Англиски, Српски, Хрватски.

Контакт:
T: +389 2 24 66 001
F: +389 2 24 66 002
E:  misevska@businesslaw.mk

 

Катерина Тодоровска

Стручен Соработник

Области на специјалност:
граѓанско право, право на интелектуална сопственост, човекови права и Европска конвенција за човекови права, заштита на конкуренција, трговско, деловно право.

Образование:
Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет, LL.B, Скопје/Македонија-2010

Фулбрајт колеџ, Арканзас, Катедра за политички науки, студент на размена (2006-2007),САД

Искуство:
Апостолска & Александровски–адвокатска канцеларија, Адвокатски приправник, Скопје/Македонија 2011

Хелсиншки комитет за човекови права, практикант во Оддел за бесплатна правна помош, Скопје/Македонија, 2008

Европско здружение на студенти по право во РМ, ЕЛСА РМ, Потпретседател за маркетинг, 2008-2009

Јазици:
Македонски,Англиски, Француски, Српски. 

Контакт:
T: +389 2 24 66 001
F: +389 2 24 66 002
E:  todorovska@businesslaw.mk

 

Светлана Трендова

Стручен Соработник

Области на специјалност:
деловно (бизнис)право, странски инвестиции,спојувања и превземања (m&a),стечај и ликвидација,облигационо право,

Образование:
ФОН–Прв Приватен Универзитет, Правен факултет, Магистер по правни науки,Скопје/Македонија-2011

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет,Дипломиран Правник, Скопје/Македонија-2007

Искуство:
Адвокатско Друштво Апостолска&Александровски, Соработник, Скопје/Македонија 2011

МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје, Менаџинг Директор, Скопје/Македонија, 2009

ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, Менаџмент Асистент, Скопје/Македонија, 2008

Адвокат Зорица Кнезовиќ, Адвокатски приправник, Скопје/Македонија, 2007

Јазици:
Македонски,Англиски, Германски, Српски, Хрватски

Контакт:
T: +389 2 24 66 001
F: +389 2 24 66 001
E:  trendova@businesslaw.mk

 

СОРАБОТКА

Со цел да понудиме поширок спектар на услуги и да ги задоволиме барањата на нашите клиенти, имаме воспоставено стратешка соработка со адвокатски фирми, консултантски компании, самостојни експерти и адвокати. Кога во текот на постапката сметаме дека е во ваш најдобар интерес да се вклучи надворешен соработник  тогаш во консултација со вас тоа и ќе го направиме.