За нас

Апостолска и Александровски е модерно и технолошки напредно Адвокатско Друштво специјализирано во областа на Бизнис – Корпоративното Право. Ние нудиме правни услуги во најзначајните области на правото кои може да имаат влијание врз водењето бизнис во Република Македонија. Ние негуваме култура во која фокусот е на нашите КЛИЕНТИ, задоволување на нивните потреби и нудење на решенија кои се адаптирани на нивните бизнис предизвици.

наши основни принципи на работа се
СТРАТЕГИЈА
ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ
ЕФИКАСНОСТ

Наша цел е да е изградиме силен и прогресивен однос адвокат- клиент базиран на меѓусебно почитување и доверба, со максимална посветеност на обезбедување клиентите и нивните бизнис стратегии.

Нашиот пристап не е само да ги советуваме и застапуваме нашите клиенти, туку да ја разбереме нивната бизнис стратегија и индустрии. Со исполнувањето на оваа наша домашна задача, ние ви даваме правни совети во склад со средината во која вие работите, имајќи го во предвид ефектот кој правните совети ќе го имаат на вашите деловни операции. Без разлика на големината и комплексноста на вашите потреби, без разлика дали случајот е голем или мал, доколку е битен за вас тогаш е битен и за нас.

Нашата мисија е преку компетентни, ефикасни решенија и професионални услуги, да обезбедиме вредност за нашите клиенти. Единствен параметар за нашиот успех се задоволните клиенти. Преку обезбедувањето на специфични решенија за правните предизвици со кои се соочуваат нашите клиенти ние обезбедуваме безбедна и предвидлива правна средина која допринесува за непречен раст на нивниот бизнис. Со нас добивате индивидуален пристап кој ви треба и кој го заслужувате.

Нашата уникатна комбинација на знаење и способности, пропратено со нашиот ентузијазам,експертиза, посветеност и користење на технологија во секој аспект од нашата работа ни овозможува да се справиме со проекти и случаи со различно ниво на комплексност, тежина и големина, и со тоа да обезбедиме широк спектар на правни услуги со цел да ги задоволиме потребите на сите наши клиенти.

Проектниот менаџмент е еден од столбовите во нашето работење бидејќи тежнееме нашите услуги да се ефикасни, транспарентни и одговорни. Убедени сме дека дека ова е есенцијално за градење на долгорочни односи со нашите клиенти и давањето на стандардно добри правн услуги. Користењето на Проектен менаџмент во нашата работа ни овозможува да го разгледаме секој аспект од одреден случај и да обезбедиме навремени правни услуги кои ќе бидат во рамките на планираниот буџет, како и да задржиме целосна контрола над случајот. Нашата посветеност кон постојани промени и унапредувања не доведе до тоа да постојано да го редефинираме начинот на кој работиме. Со цел да понудиме поширок спектар на услуги и да ги задоволиме барањата на клиентите, имаме воспоставено стратешка соработка со адвокатски фирми, консултантски компании, самостојни експерти и адвокати. Кога во текот на постапката сметаме дека е во ваш најдобар интерес да се вклучи надворешен соработник тогаш во консултација со вас тоа и ќе го направиме. Горди сме со нашето растечко портофолио на клиенти. Наши клиенти се мали, средни и големи домашни и странски компании кои работат во секторот на обезбедување услуги, трговија и производство, невладини организации, мултинационални компании и корпорации кои работат надвор и во технолошките индустриски развојни зони - ТИРЗ,финансиски институции и меѓународни организации. Нашето портофолио на клиенти може да ви биде достапно на ваше барање.